|

Добредојдовте на веб страницата од ординацијата на д-р Иво З.Захариевски. Иако сме најдобро познати по нашите услуги во лечењето на брачната неплодност и ЦИН промените на грлото на матката, вие ќе откриете дека нудиме многу, многу повеќе...
Прва посета? Кликнете овде да добиете совети за Пап скринингот, контрацепцијата, бременоста, менопаузата, прегледите на дојката, .. како и за многу други теми од содржината на нашиот ²Гинеколошки советник ²
Актуелни теми од областа на гинекологијата. Најнови коментари и сознанија за теми поврзани со абнормалниот ПАП тест и неговото лекување, неплодноста и вештачкото оплодување како и разни други интересни теми.
Актуелни теми од областа на бременоста. Информирајте се околу најновите коментари и сознаниjа поврзани со бременоста, скрининг методите за рано откривање на аномалии кај плодот, спонтано пометнување, предвремено раѓање и уште многу други интересни теми.
Нашиот пристап
Вашите проблеми од областа на гинекологијата и акушерството ги разгледуваме и решаваме во доверлива и пријателска атмосфера. Хуманиот однос , почитување на личноста и интимата на секој пациент се наши етички приоритети.
Тестирање за неплодност
Проценка на оваријалната резерва со кломифенски тест и трансвагинален ултразвук за одредување на оваријалниот волумен и бројот на антрални фоликули.
Тестирање за машка неплодност
Софистицирана техника за анализа на семето при што се добиваат прецизни и сигурни резултати за бројот, подвижноста и морфологијата на сперматозоидите.
ИВФ - Ин витро фертилизација
ИВФ - Ин витро фертилизацијата станува се попопуларна метода за лекување на брачната неплодност. Нашата филозофија е да ви помогнеме во најкус временски рок и со најекономични средства да стигнете до саканата бременост. За да се постигне ова, поврзани сме со врвни институции во регионов и пошироко. Во соработка со нив и во согласност со најновите светски сознанија и методи кои се користат при вештачкото оплодување, целокупната ваша подготовка се изведува кај нас. На овој начин се добива време и се заштедуваат пари. Кога ќе се постигнат услови за извршувањето на техничкиот дел од ИВФ процедурата, вие патувате во одредениот центар каде престојувате само неколку дена. Целокупнoтo понатамошно следење се одвива повторно кај нас.
Други лечења за брачната неплодност
Покрај ИВФ процедурата, кај нас се изведуваат и сите други начини на лекување брачна неплодност, вклучувајќи: интраутерина инсеминација (ИУИ), индукцијата на овулција со Clomiphene Serophene и гонадотрпините, како што се Gonal F и Follistin.
Колпоскопија
Овој преглед е неопходен во случај на позитивен ПАП тест. Ние поседуваме современ колпоскоп со кој може да ги одредиме ЦИН промените на грлото на матката, а потоа да земеме прецизна биопсија од сомнителното место. Истовремено земаме брисеви за проверка на ХПВ вирусот.
Лечење на ЦИН промените
Многумина сметаат дека ласерската техника представува најдобар начин за лекување на ЦИН промени. Всушност, ласерот денес поретко се користи, заменет е со помодерни техники како што се ултразвучната и дијатермиската ексцизија. Дијатермиската ексцизија популарно се вика ЛЕТЗ од англиската кратенка (Large Loop Excision of Transformation Zone или Широко отстранување на трансформационата зона. Во нашата ординација постојат две техники за лекување на ЦИН промените: аблативна (иглена дијатермија) и ексцизиона (ЛЕТЗ). Која од нив ќе се примени зависи од наодот после направена колпоскопија со биопсија на грлото на матката, а според упатствата од Бетезда.
Систематски прегледи за странство
Исто така, овластени сме за вршење систематски прегледи за странство (Австралија, Нов Зеланд и др.). За извршување на ваквите прегледи најдобро е да се закаже термин однапред, преку телефонот на ординацијата.
Со почит
д-р сци Иво З. Захариевски
|